Во земјава има 324 згрижувачки семејства со 576 корисници
Три деца со различни социјални и здравствени ризици се дел од згрижувачкото семејство Гошеви од Скопје. Според Министерката за труд и социјала, семејството целосно успеало да создаде семејна атмосфера која е од големо значење за психо-физичкиот развој на децата.
Проектот за помош и нега во домот, пак станува се поактуелен за старите и изнемоштени лица и лицата со попреченост на кои им е потребен.
Општина Бутел и Чучер Сандево во соработка со организација Адра се првите во кои оваа услуга почнува да се реализира.
Според Министерката оваа социјална услуга има двоен ефект, покрај грижата за најранливите категории граѓани, има за цел и вработување и обучување на негувателки кои се грижат за истите лица.
Во моментов во државата има 324 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 576 корисници. Проектот е реазлизиран во 22 општини.
-
Симона Паскоска
Сите содржини од овој новинар
