Во Загреб протест против корона-мерките во училиштата
– Пред зградата на Хрватскиот институт за јавно здравје во Загреб почна протестот на граѓаните против рестриктивните мерки наменети за запирање на ширењето на коронавирусот. Главен повод за протестот е најавеното тестирање на коронавирус во училиштата.
Хрватските здравствени власти најавија дека учениците ќе мора секој понеделник пред училиште да бидат тестирани за коронавирус.
На протестот, претходно најавен на социјалните мрежи, пред ХИЗЈЗ се собраа околу стотина луѓе. Граѓаните на протестот беа повикани преку социјалните мрежи, а на поканата гласи „На 1 февруари во 10 часот да им кажеме да од**ат од нашите деца“. На протестот е присутна и интервентната полиција, а сообраќајот е запрен во тој дел на градот.
„Доста е терор врз децата!“, „Маски надвор од училиште“, „Стоп за едноумието“, „Заедно слободни“, се само дел од транспарентите што ги донесоа демонстрантите.
Ново на Сител
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор