Во Загреб промоција на „Националните шампиони“ од регионот на натпреварот Европски бизнис награди
Четиринаесет компании од Македонија кои ја носат титулата „Национален шампион 2016-17“ на натроеварот Европски бизнис награди, спонзориран од РСМ, денеска во Загреб се промовираат заедно со претставниците од Србија, Хрватска и Словенија.
Компаниите се избрани од страна на панел независни судии меѓу кои и искусни лидери од областа на бизнисот и академските кругови, а со добиената титула „Национални шампиони“ ја претставуваат својата земја во следната фаза на натпреварувањето во европска конкуренција.
На настанот во Загреб, учесниците ќе имаат можност да зборуваат со претставници на водечки бизниси во нивната област од регионот и Европа.
- „Националните шампиони“ се истакнати лидери кои покажуваат истрајност во бизнисот и комерцијална извонредност. Овие компании ќе го отворат патот кон напредок и просперитет низ целиот континент и пошироко. Би сакала да им честитам на сите и да им посакам среќа во следните фази, порача Џин Стивенс, извршната директорка на РСМ.
Во следната фаза, „Националните шампиони“ ќе прикажат видео во кое ќе ја пренесат својата приказна и ќе го покажат својот професионален успех. Победниците по категорија и победникот на публиката ќе бидат објавени на гала финалето што ќе се одржи во пролетта 2017 година.
Европските бизнис награди се најголемиот меѓу-секторски бизнис натпревар во Европа на кој оваа година учествуваа преку 33.000 компании од 34 држави. Нивната примарна цел е да го поддржат развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница низ Европа. Постојат веќе десет години, а минатогодишниот „глас на публиката“ генерираше повеќе од 227.000 гласови од цела Европа.
Главниот спонзор РСМ, е 6-та најголема мрежа на независни ревизорски, даночни и консултантски компании од целиот свет и ги поддржува Европските бизнис награди од самиот почеток. Опфаќа повеќе од 120 земји, 760 канцеларии и повеќе од 38.000 луѓе на меѓународно ниво. Вкупниот приход на мрежата е 4,64 милијарди американски долари. РСМ е член на Форумот на компаниите, чија цел е да промовира постојаност и стандарди на висок квалитет на финансиски и ревизорски пракси низ целиот свет.
Покрај нив, спонзори и партнери на Европските бизнис награди се и ELITE и PR Newswire.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица