-->
-->
Во Вухан отстранети последните ограничувања, градот се враќа во нормала
-->
Кинескиот град Вухан, каде што почна пандемијата на коронавирус, оваа недела ги отстрани последните ограничувања по повеќе од два и пол месеца строг карантин, јави ДПА.
Од полноќ по локално време (04:00 по полноќ), сообраќајот во Вухан ќе се врати во нормала. Летовите ќе бидат во функција, автомобилите ќе можат да го напуштаат градот, а луѓето да го користат возот, доколку се здрави и неодамна немале контакт со заразени пациенти.
Враќањето на нормалниот живот во овој 11-милионски град се смета како важен сигнал за Кина дека е завршена најлошата фаза од животот.
Од над 80.000 официјално регистрирани случаи на заразени со коронавирус во Кина, 50.000 беа во Вухан. Таму имаше над 2.500 од вкупно 3.300 починати од коронавирус во Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот