Во Врховниот суд во Атина рочиште за жалбата на Грујевски и Бошковски

Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, денеска дојдоа на рочиште во Врховниот суд во Атина, каде ќе се одлучува по нивната жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун, јави дописникот на МИА од Атина.
Според програмата на Судот, заедно со Грујевски и Бошковски денеска има судење за уште 18 други случаи.
Минатото рочиште што беше одржано на 16 февруари, беше одложено поради краткиот период што го имале адвокатите за разгледување на предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.
Шестемина судии и обвинителот, надлежни за разгледување на жалбата во грчкиот Врховен суд, го слушнаа образложението на адвокатите и одлучија рочиштето да се одложи за 2 седмици, на 2 март.
Адвокатите на Грујевски и Бошковски, уште на почетокот побараа одложување, а тоа го поткрепија со фактите дека немале доволно време да го разгледаат предметот и поради непостоењето преведувач од грчки на македонски јазик и обратно.
Судијката заклучи дека немале можност да се подготват, а двајцата адвокати рекоа дека сакаат рочиштето да се одржи на најдобар можен начин и се обврзаа дека за следниот пат ќе обезбедат преведувач.
Во судницата беше присутна преведувачка, службено назначена, но од бугарски на грчки јазик и обратно. Цело време додека траеше дијалогот меѓу судијката и адвокатите таа им преведуваше, но од адвокатите беше посочено дека потребно е да се обезбеди преведувач на македонски јазик.
И Грујевски и Бошковски на прашањето на судијката дали се согласуваат со одложувањето одговорија потврдно.
По кусото рочиште и одложувањето, Грујевски и Бошковски од Судот беа префрлени во атинскиот затвор „Коридалос“, каде што се наоѓаа од по нивното префрлање од Солун во Атина.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.
Едниот е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.
Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември минатата година.
Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалбата против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.
Ново на Сител
-

Андреј Миневски својот олдтајмер го претвори во санка на Дедо Мраз и делеше пакетчиња на деца
-

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал
-

Со 53 км/час удрил во велосипед кој поминувал на пешачки, обвинителен акт за возачот што смртно го прегази Јорго Ќука
-

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувана првата жртва, 17-годишен италијанец
-

Почина 2-годишното детенце повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ
-

Обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби со набавки во РЕК Битола
-

Студено утро со минусни температури, попладне дожд и снег на повисоките места
-

Живееме подолго, но сме помалубројни: повеќе умрени од родени, сè помалку бракови, сè повеќе разводи
