Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани
Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани од Врање, од другите градови во Србија и државјани на Северна Македонија и други држави, соопшти денеска Здравствениот центар (ЗЦ) во Врање.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.
Што се однесува до втората доза, неа во Врање ја примиле 11.966 македонски државјани,
32.416 српски и 13 граѓани на БиХ. Трета доза на некои од вакцините, во Врање досега е дадена на вкупно 7.733 лица.
Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм и тоа вкупно 62.711 пати за сите три дози (прва доза 28.965, втора 28.122 и трета 5.624). Потоа следи Фајзер, кој бил аплициран во вкупно 29.439 случаи (прва доза 15.139, втора 12.755 и трета 1.545), па рускиот Спутник В даден во 6.999 дози (прва 15.139, втора 3.146 и трета 571). Астра Зенека, која не беше достапна долго време, е аплицирана во 932 случаи (прва 455 и втора 477).
Инаку, вчера во Врање се вакцинирале тројца граѓани на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
-
Едно и полгодишно дете паднало во базен во прилепско, пронајдено бесвест од неговите родители
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Муцунски за критиките за „српски свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ