-->
-->
Во возило на патот Демир Капија - Неготино пронајдени 8 мигранти, возачот избегал
-->
Вчера во 16,10 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот се дал во бегство, соопштија од МВР.
Во возилото пронајдени биле осум мигранти (седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни).
Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила