Во војната во Сирија загинале над 270.000 луѓе
Повеќе од 270.000 луѓе се убиени во Сирија од почетокот на војната, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
- За пет години во Сирија загинале 271.138 луше, од кои 79.106 цивили, од кои 13.500 деца и 8.760 жени. Меѓу загинатите 46.452 се бунтовници и 44.254 исламистички бунтовници и џихадисти меѓу кои и странски борци. Во војната загинале и 97.842 припадници на владините сили или на милициите кои го поддржуваат режимот, истакнува организацијата со седиште во Лондон.
Во исто време Службата на Обединети нации за координација на хуманитарните прашања соопштии дека хуманитарни конвои со храна и лекови пристигнале до илјадници луѓе од двете предградија на Дамаск, кои се под опсада.
Хуманитарната помош е доставена до околу 20.000 луѓе од предградието Муадамија и на други 10.000 лица од предградието Кфар Батана.
Минатата недела хуманитарни конвои пристигнаа во други пет градови под опсада.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај