Во војната се гледале преку нишан, а сега Ристо и Хасиб не можат еден без друг

Прифатил привремено да живее во куќата на Хасиб Салкановиќ кој живеел на еден километар подалеку од неговиот уништен дом.
- Јас сум сто проценти инвалид, од прва група. Бев ранет во `рбетот. Ристо ми е другар, тој исто така е сто проценти инвалид, но од друга група. Тој има помала попреченост од мене. Ристо и јас се познаваме веќе 35 - 40 години. Му ја дадов викендицата да живее додека не направи куќа во која нормално може да се живее, - изјавил Хасиб, кој инвалидската количка ја користи 23 години.
Кога не е во викендицата Ристо времето го минувал кај старата куќа обидувајќи се да спаси се што може. Хасиб не може да му помогне физички, но затоа му помага на друг начин.
- Во текот на денот Хасиб доаѓа, затоа што он живее во соседното село. Ќе купи храна и ќе ми донесе, бидејќи овде нема продавница. Немам ниту електрична енергија, затоа што побарав да се исклучи додека не се расчисти се ова, - вели Ристо Станковиќ.
Пред почетокот на војната во Босна и Херцеговина, во Горња Лохиња живееле исклучиво луѓе од српска националност. Денес се вратиле само неколкумина кои може да се избројат на прсти на една рака.
Во продолжение погледнете како се живее денес во ова место...
Ново на Сител
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети