Во Виена продолжуваат разговорите за нуклеарниот договор
Во Виена денеска продолжуваат разговорите за заживување на нуклеарниот договор што Иран го потпиша со светските сили во 2015 година, соопшти Европската унија.
Тоа ќе биде последната од трите рунди разговори насочени кон враќање на САД во договорот и убедување на Техеран да ги почитува ограничувањата што произлегуваат од него.
Претставниците на Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и Иран треба да се договорат за натамошните чекори за можно заживување на договорот од кој поранешниот американски претседател еднострано се повлече во 2018 година.
– Учесниците ќе продолжат да разговараат за можното враќање на САД во договорот и како да се обезбеди негово целосно и ефикасно спроведување, се вели во соопштението на ЕУ.
Американската делегација исто така е во Виена, на одвоена локација, така што претставниците на другите пет светски сили можат да преговараат со нив, имајќи предвид дека Иран одбива директни преговори со Вашингтон.
По првите две рунди преговори, европските земји оценија дека е постигнат напредок, но останува уште многу работа.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
