Во Венеција се отвора музеј посветен на Казанова
Музејот, посветен на авантуристот и љубовникот од 18-от век Џакомо Казанова, ќе биде отворен утре во неговиот роден град Венеција, а посетителите ќе може да се запознаат со сите аспекти на неговиот живот.
Музејот се отвора точно на родениот ден на Казанова втори април и нема да ја крие неговата љубовна страна. Поради тоа една од шестте простории на музејот ќе биде спална соба во која ќе биде прикажано како тој ги заведува своите љубовници.
Целта на кустосите е да ја осветлат комплетната личност на Казанова, чиј мемоари „Историја на мојот живот“ овозможуваат да се погледне во животот на европското благородништво од крајот на 18-от век.
Директорот на музејот, Андреа Козентино, наведе дека намерата им била Казнова да биде претставен во целост, не само како љубовник, туку и како човек и филозоф.
Со користење на различни технологии за виртуелна реалност посетителите ќе можат да прочитаат, да чујат и да видат презентации за неговата младост и заведувањата, како и за неговите патувања по Европа, но и апсења и бегства.
Ново на Сител
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви
-
Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата
-
Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, има многу простор за напредување
-
АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри
-
Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром