Во Велешко поднесени околу 200 барање за субвенции за млеко

Денеска истече рокот до кој млекарите од Велешко можеа да поднесат барање во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес, за субвенции за предаденото млеко во последните три месеци од минатата година.
Од Подрачната единица на министерството во Велес, како што информира Вили Бочваров, за добивање субвенции за млеко во предвидениот рок се пријавиле околу 200 сточари односно производители на млеко од поширокиот велешки регион, а во кој се вклучени млекарите од општините Велес, Градско и Чашка, каде што имаат регистрирано земјоделското стопанство или фарми.
- Финансиската поддршка за литар кравјо, овчо и козјо млеко изнесува по 3,5 денари, а услов е да било однесено во лиценцирана млекарници, информира Бочваров.
Ново на Сител
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
