Во велешката болница се намалува бројот на ковид пациенти
Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 26 лица, од кои 19 се потврдени позитивни, двајца сомнителени и пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. На Инфективното одделение има 22 пациенти и капацитетот од 54 легла е исполнет помалку од половина. На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти по прележан ковид има четири пациенти, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.
Еден пациент со потешка болничка слика со амбулантно возило медицинска екипа денеска итно бил транспортиран на Инфективна клиника во Скопје. Д-р Јованова информира дека, пациент со потешка клиничка слика и вчера бил однесен од велешката болница за Инфективна во Скопје,а што е прв случај по подолго време повторно потешките случаи од велешка болница да се препраќаат на Инфективна во Скопје.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес