Македонија
1. January 2021 - 17:16

Во велешката болница се намалува бројот на ковид пациенти

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 26 лица, од кои 19 се потврдени позитивни, двајца сомнителени и  пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. На Инфективното одделение има 22 пациенти и капацитетот од 54 легла е исполнет помалку од половина. На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти по прележан ковид има четири пациенти, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.

Еден пациент со потешка болничка слика со амбулантно возило медицинска екипа денеска  итно бил  транспортиран  на Инфективна клиника во Скопје. Д-р Јованова информира дека, пациент со потешка клиничка слика и вчера бил однесен од велешката болница за Инфективна во Скопје,а што е прв случај по подолго време повторно потешките случаи од велешка болница да се препраќаат на Инфективна во Скопје.