Во велешката болница хоспитализирани 80 пациенти со Ковид, најмногу од почетокот на пандемијата
На трите одделенија кои се Ковид центри на велешката Општа Болница денеска има 80 хоспитализирани пациенти што е најмногу од почетокот на пандемијата во градот.
Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, на Инфективното има 55 пациенти колку што има и кревети со дополнување на капацитетот во ова оддление. На Интерно Б крак има 14 пациенти од 15 кревети со колку што располага и 11 пациенти се сместени на лекување во Одделението за физикална медицина, а кое располага со 25 кревети.
Од 80 те пациенти, 63 се потврдени позитивни,14 сомнителни и тројца негативни со еден тест, а еден пациент бил испишан со два последователни негативни теста.
На кислородна поддршка денеска се 28 пациенти најмногу досега од почетокот на пандемијата.
Во велешката болница изутрината почина уште еден пациент, маж на 69 годишна возраст од Велес примен во болницата пред два дена во потешка состојба со ниска сатурација на кислород позитивен на Ковид.
Ново на Сител
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
-

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн
-

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово
-

Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
-

Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
-

Облачно со сончеви периоди, од вторник дожд
