Во Велес забрзано се прават подготовките за изработка на инфраструктурен и основен проект за гасификација
Компанијата ГЕИНГ Инжинеринг, која е избрана на тендерот за изработка на инфраструктурен и основен проект деновиве интензивно работи на терен и ги прибира сите потребни податоци за изработка на проектите со утврдување на точната траса на гасоводот, капацитетот на гасоводот и локацијата на декомпресорската станица што ќе биде поставена во Индустриската зона „Речани„ кај Велес.
Како што информира на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски веќе е завршена првата фаза, направена е анкета со околу 100-на јавни институции и поголеми потрошувачи на енергија од бизнис секторот за да се димензионира капацитетот на гасоводот.
– Добиени се начелни согласности од институциите за локацијата на објектите и трасата на гасоводот од Јавното претпријатие за државни патишта, ЕВН, „Дервен“, Телеком. Очекуваме за околу четири месеци компанијата ГЕИНГ да заврши со изработката на инфраструктурниот и основниот проект за првата делница. Гасификацијата ќе воведува делница по делница, појасни Коцевски
Тој најави дека најпрво ќе го реализираат кракот кон ИЗ „Речани“, на кој очекуваат да се приклучат првите потрошувачи од компаниите. Вториот крак ќе оди од „Речани“ по улицата „Димитар Влахов“, мостот „Гемиџии“ кон центарот на Велес со што ќе се опфатат јавните институции и претпријатија, како и домаќинствата.
– Ова е еден од најзначајните проекти за економски и социјален развој на Велес и најзначајниот енергетски проект во изминативе децении што верувам ќе го поттикне економскиот развој на Велес, потенцира Коцевски.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите