Во Велес расте насилството врз жените и девојките
Според податоците на Општинската организација на жени, во Велес е во пораст семејното насилство врз жените и девојките.
Мирјана Трајкова, претседател на организацијата, за медиумите вели дека не сака да ја откријат бројката, но информира дека жртвите на семејно насилство кои се јавуваат кај нив, потоа добиваат бесплатна правна и друг вид помош.
Трајкова информира дека пред десетина дена една велешанка, жртва на семејно насилство со нивна помош била сместена во Шелтер центарот во Скопје, затоа што во Велес нема ваков Центар за сместување на жртви на семејно насилство.
Пред театарот во Велес денеска од Скопје пристигна портокаловиот женски автобус, како дел од кампањата на Зонта клуб за стоп на насилството врз жената, а која започна на 25 ноември.
Тие денеска пред платото на велешкиот театар на минувачите им делеа флаери и портокали со порака за подобра иднина за жените.
Маргарите Иванова, координатор на кампањата за медиумите изјави дека целта на кампањата е подигнување на свеста на граѓаните за насилството врз жените.
- Проблемот постои и ние не треба да го ставиме под килим, а жените треба да стават точка да преговараат и да си ги знаат своите права. Овие трибини и камањи не ќе можат да дадат резултат се додека не стигнеме до сите пори во општетството кои можат да го решат овој проблем и се додека и мажите и надлежните институции не станат дел од оваа кампања, потенцира Иванова.
Ново на Сител
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево