Во Велес поради мразот, голем дел од тесните улици во високиот дел од градот се непроодни
Поради мразот кој настана по топењето на снегот голем дел од улиците во високите делови на ридовите во Велес се непроодни за сообраќај, а на нив пешаците отежнато се движат посебно во вечерните и рани утрински часови. Поради страв од паѓање и можност за скршеници, постарите граѓани од овие делови на градот со денови се заробени во своите домови и не можат да си купат ни основни прехранбени производи.
По овие замрзнати и опасни улици граѓаните не можат да управуваaт со своиte автомобили, а не може да повикаат ни такси. Од такси здруженијата за МИА информираат дека нивните такси возила веќе една недела поради замрзнатите улици не одат на повик од граѓаните на овие улици во високите делови од градот и не сакаат да ризикуваат за својата и безбедноста на патниците.
Од Општина Велес за МИА, појаснуваат дека чистењето на овие стрмни улици не е нивна надлежност тука на граѓаните кои живеат на нив, а кои сами треба да ги исчистат.
-Овие тесни стрмни градски улици во високите реони на градот никогаш и не се чистени од Општина Велес бидејќи се многу стрмни и на нив не може да се испрати механизација.Тоа треба да го сторат самите граѓани или од нас да побараат помош во вреќи со сол за посипување и слично, појаснуваат од Општина Велес.
Инаку, Општина Велес уште по паѓање на снегот, со ангажирање на фирми со механизација и од ЈП „Македонија пат„ веднаш ги исчисти и оспособи за сообраќај сите главни градски улици и сообраќајници во градот.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

