-->
-->
Во Велес одбележани 202 години од раѓањето на најголемиот балкански градител на цркви од 19 век Андреја Дамјанов
-->

На гробот на Андреја Дамјанов во кругот на црквата „Свети Пантелејмон“ во Велес, која е една од неговите ремек дела, денеска претставници на Општина Велес и други присутни од јавните институции на градот одбележаа 202 години од раѓањето на градителот.
По тој повод букети цвеќе положија повеќе присутни делагации, а панихида на неговиот гроб одржаа свештени лица од Епархијата Повардарска.
Дуњамин Мехмед од Општина Велес пред присутните потсети за градителското дело на Дамјанов, кој е родум од велешкото село Папрадиште.
- Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. При изградбата на црквите Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата. Црквата посветена на Св. Пантелејмон заштитникот на Велес е една од неговите ремек дела,а поради одличната акустика позната е и како „Македонска миланска скала“, потсети Мехмед.
Дамјанов ги изградил и црквата во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, црквите „Св Богородица“ во штипско Ново Село и „Св Архангел Михаил“ во Чичево. Во Србија ги изградил црквите „Св. Илија“ во Печењавац, „Св. Ѓорѓи“ во Смедерево, соборните цркви во Ниш и во Сараево и ја завршил градбата на црквата во Мостар.
Андреја Дамјанов воедно е заштитник на архитектите во Македонија и нивни учител, а во негова чест се доделува и наградата за животно дело од областа на архитектура насловена со Андреја Дамјанов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
