-->
-->
Во Велес од обилните дождови се урна потпорен ѕид
-->

Обилните врнежи кои изминатиот викенд кои го зафатија Велес го урнаа потпорниот ѕид на улица „Орце Мартинов“ во должина од 13 метри. Нема повредени и не се предизвикани штети на околните куќи.
На денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев информира дека денеска извршил увид на лице место и ги ангажирал службите за расчистување на теренот и за преземање на сите потребни мерки за безбедност, како и најбрзо санирање-изградба на ѕидот кој е од голема важност за безбеден премин на улицата.
Одговарајќи на новинарско прашање Чадиев потенцира дека ѕидот неодамна го изградиле жителите со материјал од Општина Велес. Тој најави дека овој ѕид кој не бил граден според стандардите ги натерале надлежните служби на Општина Велес во иднина да не им издаваат материјал на граѓаните за градење на потпорни ѕидови и слично, туку сите градежни работи, нагласи, да ги изведуваат надлежните служби во согласност со сите стандарди и правила за градба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
