-->
-->
Во Велес изложба од Интернационалната ликовна колонија „Дрен“
-->

Во организација на Народниот музеј од Велес и Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп синоќа во Ликовниот салон во Велес прват беа изложени дела од 8-та Интернационална ликовна колонија „Дрен“.
На изложбата се претставени 26 дела - масло и акрил на платно од вкупно 30 и две скултури, едната од дрво, а другата од метал. Делата се на 12 автори од Србија, Турција, Русија и Македонија, учесници на Колонијата.
Изложбата ја промовира Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп.
Тој рече дека оваа Интернационална колонија, препознатлива по селото Дрен и манастирскиот комплекс „Свети Илија“, во прекрасна природа, е инспирација за уметниците-учесници секој јули.
- Прекрасната природа и манастирот се инспирација за делата кои се создаваат, а досега во овие осум години се изработени околу 300. Во иднина планираме освен слики и скулптури кои првпат беа изработени на годинашната колонија, да се насочиме кон постмодерната уметност и инсталацијата како ликовен израз, и по тоа да бидеме препознатливи и да се разликуваме од останатите, потенцира Чатлески.
Според организаторите, поради лошиот пат од Прилеп до селото Дрен во должина од 30-тина километри, идната година колонијата ќе се одржува во Прилеп.
Делата од годинашната Интерационална ликовна колонија „Дрен“ по Велес, ќе бидат изложени и во Македонски Брод, Кавадарци, Кичево, Неготино и други градови во земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
