Во Велес 12 новозаболени од Ковид-19, бројката се искачи на вкупно 55 лица

Во Велес во изминатото деноноќие се регистрирани нови 12 заболени од Ковид-19 со што бројката на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 55, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Како што појаснуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, станува збор за четири лица поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на Инфективното одделение во Општата болница во Велес;четири лица се членови на семејство на лице вработено во трговска дејност; две лица вработени во трговскиот сектор и две лица вработени во Центарот за јавно здравје – Велес.
–Поради новонастанатата ситуација ве известуваме дека пунктот на Центарот за јавно здравје – Велес нема да работи во вторник (21 април 2020г.) поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот. По утврдување на фактичката состојба јавноста благовремено ќе биде информирана за продолжувањето на активностите на Центарот,информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Инаку на Инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница во Велес како што информира за МИА,портпаролот д-р. Весна Неделковска Николова моментално има 19 пациенти од кои 16 се потврдени случаи на Ковид-19, а за тројца се чекаат резултати.
Денеска едно лице кое оздравело е пуштено дома, со што бројката на излекувани кои лежеле на Инфективното одделение во Велес од почетокот на епидемијата до денес е тројца.
Д-р Неделковска Николова информира дека еден пациент младо момче на 30 – тина години поради влошување на здравствената состојба денеска е препратен на Инфективната клиника во Скопје.
Ново на Сител
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
