Во Валандово се одржа обука за ран детски развој и учење
Во детската градинка „Калинка“ во Валандово се одржа обука за ран детски развој и учење, наменета за професионален развој на вработените воспитувачи, стручни работници и соработници во истоимената предучилишна установа.
Обуката со интерактивен карактер опфати теми за тоа како учат децата, развој на говорот до шест годишна возраст и стимулативна средина за учење кои според организаторите сензибилизираат исклучително актуелни и современи педагошки и психолошки аспекти на воспитно образовната работа со деца од предучилишна возраст.
Обуката беше вреднувана од страна на сите нејзини учесници, што за организаторите беше сигнал дека има потреба од реализирање на обуки од ваков карактер.
Реализатори на обуката беа професорките Лена Дамовска, доктор по педагошки науки, Ана Фрицханд, докотор по психолошки науки и Елизабета Томевска-Илиевска, доктор по педагошки науки.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол