Во Украина забранија работа на 11 проруски политички партии
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во државата, од кои некои се обвинети за врски со Русија.
Во своето видео обраќање, Зеленски наведе неколку имиња, меѓу кои и Опозициската платформа – За живот, една од најголемите проруски партии со претставници во украинскиот парламент, јави Би-Би-Си.
Други партии кои се соочуваат со ограничувања ќе ги вклучуваат Опозицискиот блок, Шариева партија, Наша, Левата опозиција, Сојузот на левите сили, Државата, Прогресивната социјалистичка партија на Украина и Социјалисти и „Блок на Владимир Салд“.
Како што беше најавено, украинското Министерство за правда веднаш ќе реагира за да се имплементира забраната, која според Зеленски ќе биде на сила се додека трае воената состојба.
Ново на Сител
-
Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните
-
Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни
-
Муцунски во работна посета на Шпанија
-
Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба
-
Најмалку 143 лица настрадаа, а 58 се водат за исчезнати по налетот на тајфунот Јаги во Виетнам
-
Илон Маск на пат да стане првиот билионер во светот
-
Лига на нации: Maкедонија ја победи Ерменија
-
Мексико: Демонстрантите против судските реформи насилно влегоа во Сенатот