Во турски воздушен напад во северен Ирак погинале 23 Курди
– Во турски воздушен напад во северен Ирак, на 140 километри од границата, загинале 23 припадници на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Британските медиуми пренесуваат дека Турција редовно изведува задгранични воздушни напади во соседен Ирак, често пати со вооружени беспилотни летала, како дел од нејзината офанзива против милитантите на ПКК.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, пред три дена изјави дека војската изминатата недела во регионот Асос, што се наоѓа длабоко на ирачка територија, во своите воздушни напади погодила 16 цели.
ПКК во 1984 година почна бунт против турската држава, а во судирите што следеа беа убиени повеќе од 40.000 лица. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
-

„Волстрит џурнал“: Трамп го поддржува Венс за директни разговори со Резаи
-

Зеленски се надева на конкретни резултати од преговорите за крај на војната до крајот на годината
-

Македонија сè попривлечна за туристите – над 136.000 посетители во септември, од нив речиси 28.000 од Турција
