-->
-->
Во Турција уапсени стотици војници за наводна поврзаност со Ѓулен
-->
Турското обвинителство нареди апсење на 532 осомничени луѓе, меѓу кои и 459 воени лица, во операција против луѓе поврзани со Фетула Ѓулен за кој Анкара тврди дека стои зад обидот за државен удар во 2016 година.
Истрагата била спроведена во 62 провинции како дел од акција против мрежата на Ѓулен. Повеќе од 250 лица беа убиени во неуспешниот пуч во јули 2016 година, а Ѓулен негира секаква вмешаност.
Обвинителството во Истанбул нареди апсење на 258 осомничени лица, вклучително и четворица полковници, потполковник, девет мајори и 24 капетани. Обвинителите во западниот турски град Измир побараа притвор за 274 лица, кои исто така се претежно воен персонал.
После обидот за државен удар, околу 80.000 луѓе беа приведени до очекување на судење, а околу 150.000 државни службеници, воен персонал и други беа отпуштени или суспендирани. Од турската армија биле протерани повеќе од 20.000 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста