-->
-->
Во Турција уапсени 16 лица поради врски со терористичката Исламска држава
-->
Турската полиција денеска уапси 16 лица обвинети за врски со терористичката група Исламската држава.
Полицијата се обиде во текот на ноќта да затвори нелиценцирана верска книжарница во Бингол во југоисточниот дел на земјата, која ги поддржува активностите на ИД во земјата, соопшти Кабинетот на гувернерот. При акцијата за затворање на книжарницата, безбедносните сили беа нападнати од демонстранти со палки и камења, по што следеа апсењата, соопшти канцеларијата на гувернерот.
„Нашите полициски екипи интервенираа по нападите со палки и камења врз нашите безбедносни сили", се вели во соопштението. Осомничените се уапсени за напад врз полицајци, намерно нанесување повреди и оштетување на јавен имот, се посочува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа