Во Турција речиси 1,75 милиони заразени, следат построги мерки
Турција регистрира речиси 1,75 милиони случаи на инфекција со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопшти турското Министерство за здравство, по промената на начинот на регистрација на пациентите, во кој претходно беа вклучени само пациенти кои имаат потреба од медицинска нега.
Министерството за здравство соопшти дека досега, од првата потврдена инфекција во март, имало 1.748.567 случаи, засновани на новата методологија за евидентирање на вирусот.
Турското лекарско здружение претходно предупреди дека дневниот број на случаи е поголем од владините податоци, во просек околу 30.000 неделно.
Анкара минатиот викенд нареди повторно затворање за време на викендот, а се разгледува и можниот четиридневен полициски час за време на новогодишниот период.
Училиштата се затворени од ноември, додека рестораните и кафулињата можат да пружат само услуга за носење.
Секој ден има полициски час помеѓу 18 и 2 часот наутро во работните денови, но медицинските групи и опозицијата повикуваат на поостри мерки.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
