Во Турција разрешени тројца градоначалници од прокурдска партија, обвинети за тероризам
Тројца градоначалници од Народната партија за еднаквост и демократија, главната турска прокурдска партија, се сменети од функциите затоа што биле обвинети за тероризам, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Градоначалниците на Мардин, Батман и Хелфети, во југоисточниот дел на Турција, претежно населен со Курди, се сменети со гувернери назначени од државата, се вели во соопштението.
Градоначалникот на Мардин, Ахмет Турк (82), популарна личност во курдското движење, претходно беше сменет од функцијата и во претходните мандати помина неколку месеци во затвор.
Турската влада го обвинува за врски со борците од Работничката партија на Курдистан (ПКК), која е означена како терористичка организација.
Турк и уште двајца прокурдски градоначалници беа избрани за време на локалните избори во март, кои завршија со победа на опозицијата и пораз на владејачката Партија на правдата и развојот.
Ново на Сител
-
Автомобил се запали кај „Кјуби“ | ФОТО
-
Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје