-->
-->
Во Турција приведени над 150 странци поради сомневања за тероризам
-->
Турските власти приведоа 267 осомничени во врска со терористички организации, јави Анадолија. Меѓу нив има 161 странец.
Полицијата верува дека осомничените екстремисти планирале напади за новогодишната ноќ. Не беа откриени детали. Апсењата беа извршени за време на кации во 33 населени места и провинции меѓу 20 и 31 декември, додава Анадолија повикувајќи се на соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Не е откриено која националност се странците. Одделно, турските имиграциони власти приведоа 69 странци со „врски со зоните на конфликти“.Властите запленија пиштоли, експлозиви и дигитални документи поврзани со терористички групи во операција против 69 луѓе. Не се споменува за конкретна терористичка група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам
-
Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија
-
Слот: Прерано е да се каже дека Ливерпул е најдобриот тим во светот
-
Арсенал бара напаѓач: Осимен е опција за „топџиите“