-->
-->
Во Турција над 1.700 лица се уапсени поради „терористичка пропаганда“
-->
Вкупно 1.734 луѓе се уапсени во Турција поради „терористичка пропаганда“ преку социјалните мрежи по обидот за воен удар на 15 јули минатата година, објави турската новинска агенција Анадолија.
„Киберполицијата“, која работи на идентификација на осомничените за терористичка пропаганда преку социјалните мрежи, досега привела најмалку 3.894 лица од вкупно 22.088 идентификувани од полицијата по неуспешниот пуч.
Вкупно 1.328 осомничени биле условно ослободени, а 1.734 се уапсени.
Властите тврдат дека 69.937 корисници на социјалните мрежи биле идентификувани дека најверојатно се поврзани со „пропаганда за терористички организацоо или терористички акти“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот