Свет
28. August 2022 - 21:13

Во Турција автобус падна од карпа има и загинати

Автобус падна од карпа во Турција, при што загинаа 5 луѓе, а 38 се повредени. 

Несреќата се случила во турската провинција Бурса, во северозападниот дел на земјата, јавуваат турските медиуми. Меѓу жртвите е и возачот на автобусот, пренесе Интерфакс.

Туристичкиот автобус се движел од провинцијата Кутахја кон општина Мудања во Бурса.