Во Трпејца почнува четвртото издание на манифестацијата „На зајдисонце“
Изложбата на дела на академскиот уметник Павел Целкоски е првата содржина во рамки на културно-забавната манифестација „На зајдисонце во Трпејца“, што по четврти пат се одржува во познатото истоимено село на источниот брег на Охридското Езеро.
Изложбата ќе биде отворена на летната сцена „Кај Бунарот“ со почеток во 20:30 часот. Целкоски кој потекнува од Трпејца, дипломирал и магистрирал графика на Ликовната академија во Софија каде живее и работи, а гради и своја интернационална уметничка кариера.
Меѓу другите содржини до 28 јули во Трпејца ќе се одржуваат и школата за пливање, за англиски јазик и за цртање, потоа курсеви за шах, курсеви за фаќање риба со јадица, преку проекции на документарни филмови за Охридското Езеро до промоција на дела на автори од охридскиот крај, но и на автори што се редовни гости во Трпејца. Целата манифестација ќе биде проследена со богата музичка програма од најразлични жанрови, од изведба на класични дела на млади таленти од Охрид, до неизбежните звуци на народниот мелос, остварен преку настапите на локални културно-уметнички друштва и на ансамблот „Билјана јуниор“ чии членови ќе го промовираат неодамна објавениот втор албум со стари охридски и македонски песни и ора.
Годинешното издание на „Зајдисонцето во Трпејца“ ќе биде затворено со проекцијата на играниот филм „Апостолите на словените – двајца браќа една животна мисија“ посветен на светите Кирил и Методиј. Со филмот всушност се воспоставува културниот мост помеѓу Прага и Трпејца.
Инаку, организатор на манифестацијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка на месната заедница, селскиот црковен одбор и охридската локална самоуправа. Самата манифестација е осмислена со цел да се привлечат туристите да ја посетат таа позната туристичка населба, а истовремено да се задржи вниманието на оние гости што веќе години наназад престојуваат тука во летниот период.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен