Свет
26. јуни 2018 - 15:03

Во трка со времето: Стотици спасувачи трагаат по младиот фудбалски тим кој исчезна во пештера, нема ни трага ни глас од 12-те момчиња

Потрагата по 12 деца и нивниот фудбалски тренер, на кои во саботата им се изгуби секаква трага кај пештера во северниот дел на Тајланд, и натаму трае.

Децата, на возраст меѓу 11 и 15 години и нивниот 25-годишен тренер, исчезнале откако завршиле со тренингот. Нивните велосипеди, ранци и патики се пронајдени оставени пред пештерата Там Луанд Нанг Нон. На терен се наоѓаат стотина спасувачи, како и голем број нуркачи.

Потрагата е покрената кога мајката на еден тинејџер пријавила во полиција дека нејзиниот син не се вратил од тренинг.

Се верува дека пештерата ја поплавиле обилните дождови. Заедно со спасувачите, на самото место се нашле и семејствата на децата кои се надеваат на среќен исход.

-Оптимисти сме, веруваме дека се живи. Иако немаат храна, би требало да имаат вода за пиење, наведе земеникот на премиерот Правит Вонгсувон.