Во ТИРЗ поставен камен темелник на фабриката ХАЈ ТЕК, прва домашна инвестиција

Во Бунарџик денеска е поставен камен темелник на првата домашна инвестиција - фабриката на македонската компанија ХАЈ ТЕК Асембли Центар.
Инвестицијата, вредна вкупно 20 милиони евра, ќе отвори преку 300 работни места, а ќе се реализира во две фази. Првата е проектирана на 6 милиони, додека втората на 14 милиони евра.
Во првата фаза ќе биде изградена фабрика со површина од 5.400 метри квадратни која ќе стартува со работа наесен и ќе вработи 100 лица.
- Новата компанија ќе биде врв на техничко-технолошките достигнувања во Македонија и ќе обезбеди работа за преку 300 луѓе. Со производството на најсофистицирани електронски компоненти, ќе учествуваме во светот на нано технологиите. На тој начин значајно ќе придонесеме во зголемувањето на македонскиот извоз, истакна сопственикот на ХАЈ ТЕК Асембли Центар Саво Станковиќ.
Како што нагласи Станковиќ, по 36 години постоење на компанијата, ова е уште еден предизвик, историски момент не само за неговото семејство, туку и за другите претприемачи, како и за целата земја.
- Денеска е посебен, историски ден за Македонија. Ова е првата домашна инвестиција во слободните економски зони и најдобар пример за тоа дека домашните бизнисмени кои имаат добри идеи и проекти, висока технологија и производство наменето за извоз, се добредојдени во ТИРЗ, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Тој потенцира дека како резултат на визијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и напорите што ги вложи тој, но и целиот владин економски тим, во Македонија има голем број странски и домашни компании кои извезуваат и отвораат работни места, а како резултат на тоа невработеноста е на рекордно ниско ниво.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо информира дека во следните пет години инвестицијата на ХАЈ ТЕК Асембли Центар во Бунарџик ќе се прошири за нови 11 илјади метри квадратни. Производството ќе биде целосно наменето за извоз и главно ќе се пласира во Германија, Швајцарија, Велика Британија и скандинавските земји.
На настанот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ново на Сител
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
