Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари

– Албанската полиција, во Тирана уапсила група од четворица новинари кои продавале дрога, меѓу нив и син на сопственик на портал.
-Во рамки на шифрираната акција „Drug party“ уапсени се Ергис Нока (18), Дрин Вјерда (18), Кристофор Панделејмони (19) и Марио Чера (24) кои работеле како новинари во порталот за вести “Publik. al”.
Еден од уапсените, Ергис Нока, е син на сопственикот на порталот, Наим Нока, објавија албанските медиуми.
Полициските служби ги лоцирале, на улица „Пјетр Богдани“ при што при физички претрес, кај нив, биле пронајдени и како материјален доказ одземени 300 таблети екстази (МДМА).
Исто така, при претрес во просториите на порталот, лоциран на истата улица, како материјални докази се пронајдени и одземени повеќе електрични уреди за кои постои сомнение дека се користат за одгледување на наркотична супстанција канабис.
Во повеќемесечната истрага потврдено е дека таблетите екстази ги обезбедувале преку Косово и Србија и ги продавале главно во Тирана и тоа на големо по 100 евра, додека една таблета по 300 евра.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
