Во Тетово посебен сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО
СВР Тетово соопшти дека денеска, од 9 до 17 часот во градот ќе има посебен сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија во Алијансата. На градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран настан во организација на Министерството за одбрана.
-По повод 17 март Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија во оваа организација, на Градскиот плоштад во Тетово ќе се одржи техничко-тактички збор, чиј носител е Министерството за одбрана. Со цел непречено и безбедно да се одвива техничко-тактичкиот збор и сообраќајот во централното градско подрачје, СВР Тетово од 9 до 17 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим. Одвивањето на сообраќајот на овие улици ќе го регулираат полициски службеници, а до возачите се апелира целосно да ги почитуваат нивните наредби и насоки и да имаат трпение и разбирање за измените на сообраќајниот режим, информираат од СВР Тетово.
Во овој период ќе биде дозволено движење на возилата по улица „Илинденска“ до кружниот тек со улица „Маршал Тито“, по улицата „Тодор Циповски-Мерџан“ до крстосницата со улицата „Страшо Пинџур“, по улицата „Страшо Пинџур“ до крстосницата со улицата „Никола Тесла“ и по улицата „Маршал Тито“ до крстосницата со улицата „Јане Сандански“.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева