Македонија
6. January 2016 - 16:37
Во Тетово подготвоки за утрешниот Божиќ
Првиот бадникарски оган во Тетово денес се запали во кругот на манастирската црква Свети Ѓорѓи во Мала Речица. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф изврши водосвет и осветување на бадниковото дрво.
Тетовци за вечерва се подготвуваат за маалските бадникарски огнови. На специфичен начин, Бадник во Тетово го одбележуваат децата кои кога ќе се стемни стават маски и најчесто по групи од неколкумина одат од куќа до куќа пеејќи ја песната Бдња баба, очекувајќи од домаќините да ги даруваат.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
