Во Тетово одбележан Денот на народното востание
Со интонирање на химната на Република Македонија и едноминутно молчење за загинатите борци за слобода на Македонија денеска пред споменикот на револуцијата во центарот на Тетово почна свеченоста по повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание.
Реферат за значењето на 11 Октромври како Ден на народното востание за слободата и самостојноста на Македонија пред присутните прочита претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од Тетово Стојан Петрушевски.
- Веднаш по окупацијата од фашистичките сили на Германија, Италија и Бугарија македонскиот народ иако се најде во уште потешки политички и економски услови се определи за народно востание носен од идеалите за создавање слободна и сопствена држава преку масовно учество во антифашистичката војна, рече Петрушевски
Потсети на периодот од 1944 година, кога македонската војска ја сочинуваа три корпуси, кои по капитулацијата на Германија прераснаа во стоилјадна војска командувана од Главен штаб со свои старешини на македонски јазик и под свое знаме.
- Со одлуките донесени на Првото засаедание на АСНОМ во август 1944 година создадена е современата македонска држава со сите атрибути на држава – народ, државни граници и македонска државна власт. Македонскиот народ имаше огромен придонес во војната со 24 илјади жртви и огромно уништено материјално богаство. Од тие причини должни сме со пиетет и почитување на гледаме на придобивките од народното востание и НОВ, изјави Петрушевски.
Пред споменикот почит искажаа делегации на општинската организација на Сојузот на борци Тетово и нивните соборци од боречката организација од Штрпце Косово, делегација на организацијата на резервни офицери, Сојузот на воените инвалиди, Здружението на пензионерите од Тетово, претставници на политички партии, српската заедница во Македонија одбор Тетово, друштвото на Македонци и Срби КУД „Бранко Чајка“ и македонско хрватско друштво од Тетово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници