-->
-->
Во Тетово нападнати две лица кои делеле флаери за референдумот
-->

Вчера околу 13,20 часот во Полициска станица Тетово, Д.А.(23) и Х.Џ.(18) двајцата од Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, околу 11,50 часот најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово.
Двајцата тетовци кои пријавиле, соопшти денеска МВР, делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум. Според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите, ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него, заминал од местото на настанот.
Се работи на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
-

Интер се врати од негатива од 0:2 и го победи Комо во полуфиналето на Купот на Италија
