-->
-->
Во тешка сообраќајна несреќа загина Максимилиано Переира
-->
Уругвајскиот фудбалер Максимилиано Переира загина во тешка сообраќајна несреќа. Неговото тело е пронајдено по несреќата во областа Минас. Тој загинал откако со неговиот автомобил излетал во провалија во Салто дел Пенитенте.
По ударот, фудбалерот со автомобилот паднал во езеро. Пожарникарите и спасувачките екипи не можеле да го пронајдат телото, па биле ангажирани нуркачи кои учествувале во потрагата. На крајот го пронашле безживотното тело.
27-годишниот Макси Переира настапувал за Централ од Уругвај, Расинг, Ливерпул, Мирамар, сите од Уругвај и за Сантини од Парагвај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година