Во тензии и хаос албанскиот парламент го изгласа законот со кој ги враќа онлајн игрите на среќа

Во услови на тензии, свирежи, транспаренти и блокирана говорница, предизвикани од пратениците на опозициската демократска партија, приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, владејачкото мнозинство во албанскиот парламент го изгласа законот со кој се враќаат игрите на среќа-онлајн.
Законот беше изгласан со 72 гласа „за“, двајца социјалистички пратеници, поранешниот вицепремиер Ерион Браче и ексминистерот за внатрешни работи Фатмир Џафа, беа воздржани, додека опозициските демократи не гласаа.
-Според новиот закон, оние кои сакаат да играат игри на среќа онлајн ќе треба да се пријават со својот идентитет во системите на обложувалниците, кои ќе имаат обврска да ги чуваат податоците на играчите три години. Додека циркулацијата на парите ќе се врши преку банкарскиот систем, јави Топ чанел.
Додава дека игрите на среќа беа прогласени за нелегални на 1 јануари 2019 година, но и покрај тоа, „Албанците никогаш не престанаа да се обложуваат или да играат во казина, бидејќи оваа услуга се нудеше онлајн без никој да ја контролира“.
-Откако се попишмани владата, предлагајќи нивно повторно враќање, албанскиот премиер Еди Рама, тоа го образложи со тоа дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза, потсетува телевизијата на изјавата на Рама.
На седницата, која траеше 15-на минути беа изгласани измени и дополнувања на неколку закони, меѓу кои и на законот за официјални празници.
На дневен ред беше и интерпелацијата со премиерот Еди Рама, побарана од опозицијата. Поради престојот на Рама во Брисел, кој се враќа денеска попладне и неговата ангажираност со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, истата беше одложена, откако опозицијата не се согласи на нејзините прашања да одговара државната министерка за односи со парламентот Елиса Спиропали, што за тоа ја овластил Рама.
Ново на Сител
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
-

Масовни протести во Франција - Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
-

УЈП проверува приливи од странство за 2021 година, испратени персонализирани известувања до граѓаните
-

Тројца возачи од Формула 1 добија казни за стартните позиции пред Големата награда на САД
-

Трамп вели дека САД може да извршат „уште една мала воена акција“ против Иран, потоа се справува со Куба
