Во тековната академска година 1400 македонски државјани студираат во Словенија
Во тековната академска година 1400 македонски државјани студираат во Словенија, тренд кој од година во година се продлабочува, велат од словенечката амбасада. Словенците не само што нудат квалитетно образование, бесплатни студии, субвенции, пракса, туку и вработување за овој висок кадар. Од стопанската комора потврдуваат дека секоја година од земјава се иселуваат околу 9 000 млади. Државата е беспомошна, а функционерите уверуваат дека се водат активни политики на задржување и враќање на младите, а со стартот на преговорите им се нуди европска перспектива.
-Од новите мерки за млади што можеби се најдобрите или единствени во регионот, би посочил дека ги зголемивме грантовите за 100 проценти, 20 илјади евра грант за сите млади земјоделци е овозможен во овие неколку години, но и за сите можности што како Министерство ги правиме преку ангажирање волонтери, голем број практиканти и млади луѓе на кои им даваме можност да се вработат во Министерството доколку ги поминат сите овие успешни процеси што значи, потврдуваме дека може без врски, може без привилегии.
-Секој ден наши претставници од државните институции се во Брисел заедно со ЕК разговараат за секое поглавје по однос на тоа до каде сме и што дополнително треба да се направи за финализирање на нашата интеграција во ЕУ како идна дестинација, заеднички пазар и перспектива за земјава, младите и граѓаните воопшто, потенцира Бесими.
Словенија гледа позитивно на ваквата врска меѓу двете земји, но оценката е дека кадрите кои ќе се образуваат во Словенија треба да си го најдат своето место во Македонија.
Сакаме да најдеме патишта и поврзување на соработка помеѓу државните, академските, економските и невладините институции и претпријатија од двете држави со заедничка цел – подобрување на перспективите на сите образовани, креативни и активни претставници на младата генерација од Македонија кои по завршените студии во Словенија би се ангажирале во претпријатија, институции и организации во својата татковина каде што своето знаење и искуство најдобро ќе можат да ги искористат за себе.
Дебатата во Стопанската комора која беше посетена на Враќањето на домашниот млад високообразован кадар од од Словенија, иако беше поставено прашањето како да се оставри тоа немаше конкретен одогвор.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар