Во текот на викендот во Грција спроведени 200.000 контроли во ноќните клубови и регистриран 561 прекршок
– Во текот на викендот, со новите олабавувања на мерките во Грција и укинување на сите ограничувања за вакцинираните во баровите и ноќните клубови, 8.200 полицајци спровеле 200.000 контроли во целата земја и бил регистриран 561 прекршок, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Иконому додаде дека контролите на полицијата и на вклучените 8.200 полицајци ќе продолжат секојдневно.
Согласно новите одлуки на грчката Влада што стапија во сила во саботата, како што веќе објави МИА, баровите, ноќните клубови, дискотеките итн, во кои влезот е дозволен само за вакцинирани и лица кои прележале Ковид-19, работат регуларно и повеќе нема никакви ограничувања.
-Очигледно е дека новите мерки носат резултат. Значат повеќе слободи за вакцинираните кои се во помала опасност, ги заштитуваат невакцинираните, а функционираат и како мотив за нашите сограѓани кои не се вакцинирани, да го сторат тоа. Не смееме да заборавиме дека девет од десет наши сограѓани, кои се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега се невакцинирани, рече Иконому.
Паралелно, мобилни единици на Националната организација за јавно здравје, од утре започнуваат вакцинација во оддалечените места во северниот дел на Грција, односно во местата кои, како што рече портпаролот на грчката Влада, имаат мала имунизациска покриеност, а целта е да се охрабрат граѓаните да се вакцинираат.
Во Грција од вчера е отворена платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза на лицата над 50 години и доколку поминале шест месеци од ревакцинацијата, а Иконому на брифингот соопшти дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утре ќе прими трета доза.
Ново на Сител
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот