Во тек пријавувањето за „Скопје на точак“
Сојузот на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје в недела, во 11 часот, го организира велосипедскиот карван „Скопје на точак“ со партнерите Бајк центар и Пробајк Скопје.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се приклучат во оваа иницијатива треба да се пријават и можат да дознаат повеќе информации на http://www.sportskopje.mk/
Учеството е бесплатно и ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час. За да се вози на велосипед секој мора да е пријавен и да го подигне своето стартно бројче.
Според програмата, в недела од 11 до 12 часот пред фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“ ќе има поделба на стартни броеви – лепенки за велосипед. Во 12 часот е стартот на карванот, што треба да заврши за половина час. Од 12:35 до 13 часот ќе има лотарија, а од 13 до 13:30 часот велосипедски дружења. Како награди ќе се доделуваат велосипеди, велосипедска опрема, ракавици и заштитни шлемови.
Стартот на „Скопје на точак“ е од булеварот „Илинден“, кај фонтаната „Лотос“, со правец на движење кон Трговскиот центар „Сити мол“. Ќе се вози по улиците „Љубљанска“ и „Московска“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Кај домот ќе се врти лево по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе се вози право до Католичката црква. Од таму ќе се продолжи по „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до улицата „Димитрие Чуповски“, потоа по булеварот „11 Октомври“ до семафорите кај Црвен крст, каде ќе се врти лево по булеварот „Кочо Рацин“. Возењето велосипед ќе продолжи преку мостот по булеварот „Крсте Петков Мисирков“. На семафорите кај ТЦ „Мавровка“ ќе се врти лево и ќе се вози по булеварот „Гоце Делчев“, преку мостот „Гоце Делчев“, се приклучува на булеварот „Илинден“ и се доаѓа на стартот, кај фонтаната „Лотос“ во Градски парк.
Ново на Сител
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја