Во тек пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори
Во тек е пријавувањето на болните и изнемоштени лица кои сакаат да го искористат своето право на глас на претстојните Локални избори. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција рече дека пријавувањето на болните и немоќни лица ќе се одвива до 7 октомври.
- Завршетокот е на полноќ во сабота на 7 октомври 2017 година. Значи сите кои имаат да пријават болно и немоќно лице нека доаѓаат ние работиме секој ден од 9 до 19 часот, со исклучок на сабота, кога ќе имаме и дежурство. Инаку останува истиот правилник или истото уптаство како што беше лани, според член 111 од Изборниот закон. Секое лице кое отежнато се движи, со дистрофија на мускули, параплегија, церебрална парализа, тотално слепило влегуваат во правилникот или упатството, вели Андреева.
Таа истакна дека болните и немоќни лица, како и осудениците во Затвор-Штип ќе гласаат еден ден пред Локалните избори, односно болните и немоќни лица ќе бидат посетени во нивните домови од страна на членовите на Избирачките одбори на 14 –ти октомври.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот