Во тек е обдукцијата на телото на ракометарот Денис Тот
Во тек е обдукцијата на телото на младиот ракометар на РК Бутел, Денис Тот, дознава Сител. Директорот на Судска медицина, д-р Александар Станков вели дека наодите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.
-Можам да ви кажам дека обдукцијата е во тек. Сите информации од обдукцијата ќе му бидат пренесени на надлежниот Обвинител, вели Станков за Сител.
Братот на Денис, Борис Тот преку социјалните мрежи вчера вечер напиша дека причината за смртта на 27-годишниот ракометар е срцев удар.
-Денис почина од срцев удар, а не од какви било телесни повреди, тепачка или останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден, вели Борис.
Во текот на минатиот ден во јавноста се појавија низа шпекулации за смртта на младиот ракометар. Најпрво се пишуваше дека тој бил претепан пред ноќен клуб, но потоа од КАРИЛ рекоа дека тој немал траги на насилство. Сепак, потоа се појавија информации дека наводно Денис бил нападнат од момче и девојка пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. Во текот на денот се очекува Министерството за внатреши работи во заедничко соопштение со Јавното обвинителство да соопштат детали за случајот кој поради низа недоречености и нејаснотии го привлече вниманието на јавноста.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо
-
Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по телото малолетничка