Во тек е конкурсот за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“
До 29 февруари е отворен конкурсот на Конгресниот центар „Александар Македонски“ за предлог проекти за реализација на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2016“ која годинава ќе се реализира под мотото „Поврзи ме со креативноста“.
Право на учество на Конкурсот имаат физички лица-креативци и правни лица кои делуваат во областа на креативните индустрии, а кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија.
За учество на конкурсот треба да се достави пополнета пријава од областа на креативните индустрии, која е составен дел од Конкурсот, и е објавена на веб-страницата на Конгресниот центар „Александар Македонски“ (www.
Електронски пополнетата пријава треба да се достави во печатена форма до ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ на адреса: бул. „Партизански одреди“ б.б, 1000 Скопје, или лично во писарницата на Конгресниот центар, најдоцна до 15 часот од последниот ден на Конкурсот, 29 февруари.
Реализацијата на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива“ е поддржана од Град Скопје со цел да се промовираат, афирмираат и создаваат конкретни поризводи и услуги од областа на креативните индустрии.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено