Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.
-Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, велат од Јавното обвинителство.
И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.
Според дел од медиумите, се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ