Loading Video...
Свет
22. March 2020 - 14:24

Во светот со коронавирус заразени над 300.000 луѓе, а починаа над 13.000 - најпогодена Италија

Коронавирусот се повеќе се шири низ светот. Бројката на зарзаени надмина 300.000, а починаа над 13.000 луѓе.

Најпогодена е Италија каде досега има близу 5000 смртни случаи, а само вчера во оваа земја битката со вирусот ја загубија 793 лица. Критично е и во Шпанија каде се регистрирани 3000 новозаболени, а во земјата за едноденоноќие умреле 344 луѓе.

Во Кина има 46 нови увезени случаи. На врвот на светската листа најпогодени од Ковид 19 се доближуваат и Соединетите американски држави со 46 смртни случаи и близу 27.000 заразени.

Светските сили очајно бараат лек за да го спасат населението.

И на Балканот се зголемува бројот на заразени со корона вирус. Србија го регистрираше вториот смртен случај.

Почина жена на 92 годишна возраст. Кај нашиот северен сосед досега има 188 заболени, во Бугарија 171, во Албанија 76, а во Грција 530 од кои 13 лица починаа.